Среќичка ©

РАЗВОЈ НА ГОВОРОТ КАЈ ДЕЦАТА

За тоа колку е значаен говорот во животот на еден човек односно детето- говори фактот дека тој е основа за соционално, емоционално и интелектуално развивање а подоцна и за психичкото созревање на детето.

Доколку забележите дека детето односно неговиот говор отстапува од стандардиот говор или не е според вашите очекувања, потребно е да се посети логопед. Тој понатака ќе утврди кои се причинителите и доколку е потребно, ќе го прати детето на понатамошни испитувања.

Се испитува слухот, кој е најважната алка во формирањето на говорот, а не ретко е нешто кое и од родителите и од колегите се занемарува. Дете кое во текот на својот живот, раст и развој, е подложно на чести и не правилно лекувани инфекции на средното уво, е дете кое подоцна може да се сочи со слушно оштетување.

Понатака, се утврдува орофацијалниот статус на детето, исто и ортодонтскиот статус.
Знаеме дека правилната поставеност на говорните органи(јазик образи, тврдо и меко непце, како и забалото се основа за правилен говор ).

Понатака, генетиката игра голема улога, кога станува збор за говорни проблеми.

Во денешно време во период на технолошка транзиција се среќаваме со недоволна стимулација на говорот кај децата. Тие се предолго оставени пред екраните и не добиваат доволна односно добиваат погрешна говорна стимулација, која што најчесто е на странски јазик, и не бара повратна комуникација.

Би ги издвоила и предолгото цуцање на цуцла и предолгата изложеност   на кашеста односно бледнирана храна како причинители за не правилно развивање на говорниот апарат (јазик, образи, непца)

Бројни се причинителите на говорните проблеми кај децата, но ова се едни од оние на кои треба да се обрне внимание.

Работата на логопедот е мултидисципинарна, што значи дека се занимава со превенција, дијагностика и третман говорните нарушувања, пореметувањата во гласот, јазикот и на останатите облици на комунникација.

Логопедијата го изучува целиот организам на говорна комуникација нејзиниот состав и патологија, извворот на пречките во говорот, неговото доцнење итн…

Првите три години од животот на детето се најважни затоа што тоа е време на најинтензивен развој на јазикот и говорот. Развојот се одвива во неколку фази.

Во својата книга, Раде (2003) ги цитира и објаснува следниве мерила што укажуваат на бавен или нарушен говор и развој на јазикот до четиригодишна возраст:

  • детето зборува подоцна од неговите врсници,
  • детето зборува помалку од неговите врсници,
  • детето користи само ограничен број на зборови,
  • детето користи пократки и поедноставни реченици од неговите врсници,
  • детето има потешкотии да ги разбере јазичните пораки,
  • неговите изјави често се аграматични,
  • детето често употребува необичен редослед на зборови во реченицата,
  • често испушта или заменува слогови во зборови,
  • Детето прави голем број систематски, но исто така и несистематски грешки во изговорот што го отежнува разбирањето од околината.

Често пати родителите се прашуваат дали нивното дете правилно зборува, или кога е време да почне да зборува како„ возрасен“, а до кога неговиот говор треба да биде „бебешки“.

Едно е сигурно, при правилна и доволна говорна стимулација, говорот на детето ќе се развива во склад на неговата возраст и во почетокот на проговорувањето ќе прави грешки ќе има нејасна артикулација, ќе ги изговара гласовите кои се полесни за изговор и со годинит, говорот ќе се усовршува и ќе се приближува кон правилен изговор на сите гласови.

Подолу ќе погледнеме една табела на очекуван изговор на гласовите според возраста. Она што треба да знаеме претходно, е дека секое дете како посебна индивидуа не треба да се споредува и да се очекува развој на гласовите „слепо“ по табела. Тоа го велам затоа што не е само изговорт на одреден глас важен во целокупната слика за говорот на детето.

На пример, дете на 3,5 годишна возраст кое има добра крупна моторика, спретно се движи во просторот, го разбира говорот, има развиено фина моторика (движење на прстите), кои се тесно поврзани со спретноста за користење на артикулатоните органи, може да се толерира во однос на доццнење на изговорот на одреден глас, без при тоа да се паничи од страна на родителот.

Наспроти дете кое има лоша крупна моторика(отежнато се движи во просторот, трча и скока) и има не спретна фина моторика за своја возраст. Вториот тип на деца, се деца кои уште во рана возраст треба да бидат прегледани од логопед за да се утврди нивниот логопедски статус.

Табела 1 : Очекувано произведување на гласови (Според Вулетиќ, 1987)

1 – 2 години 2 – 3 години 3,5 – 4,5 години 4,5 – 5 години
а, е, о, п, б а, е, о, п, б с, з, ш, ж, ц, љ, ц, Ч, џ
Ф, х, м, н, љ, в

Табела 2 : Возраст според која се толерира неправилен говор (Вулетиќ, 1987)

Супституција Возраст
Њ со н До 3,5 години
Љ со л До 4 години
Дисторзија Возраст
р До -5-5,5
С,з,ц До 4,5 години
Ш, ж, ч, џ До 5,5 години

Според табелите може да се види дека гласовите /п/, /б/, /т/, /д/, /к/, /г/, /м/, /н/, /ј/, /ф/, /в/, /х/, /л/, /a/, /e/, /и/, /о/, /у/  до 35 годишна возраст треба да бидат правилно изговорени, додека глаасовите /с/, /з/, /ц/, /ш/, /ж/, /ч/, џ/, /р/, /љ/, /њ/ се толерираат.

Значи,границата до која може да се толерираат неправилностите на изговорот е периодот пред самиот почеток на училиште кога детето треба правилно да ги изговори сите гласови. Тоа е период на подготовка детето да оди на училиште кога треба да донесе одредени услови за успешно исполнување на своите училишни обврски. Доколку детето не ги изговори правилно сите гласови по одредено време, треба да се побара мислење и совет од специјалист и доколку е потребно да се консултира логопед.