Среќичка ©

БИЛИНГВИЗАМ

Факт е дека секој може да научи нов јазик. Некои на полесен а кај некои на потежок начин.

Децата можат да зборуваат повеќе од еден јазик.Тие можат да научат втор јазик било да е дома или на училиште/градинка,или во средината во која растат. Некои дечиња ги учат и двата јазика истовремено и ги зборуваат течно.Но, некогаш знаат да зборуваат еден од јазиците подобро од другиот. Тогаш велиме дека детето го зборува потечно доминантниот јазик. Со тек на време тој доминантен јазик и способноста на детето да го зборува може да се менува.

Зборувањето на два јазика е како и секоја друга вештина,потребно е многу вежбање за да се усоврши. Бев вежбање децата се соочуваат со проблем во совладувањето на двата јазика.

Еве неколку начини како да му помогнете на детето да научи  да зборува повеќе од еден јазик/да биде билингвално.

  • Користете ги двата јазика истовремено од самиот почеток..
  • Дома користете само еден јазик. Вториот јазик детето ќе го научи на училиште.
  • Дајте му време и можност на детето да ги вежба и двата јазика.

Секое дете е уникатно, а дали и колку ќе ги научи двата јазика, зависи од тоа колкава стимулација и вежбање ќе има.

  • Повеќето дечиња почнуваат да ги кажуваат првите зборови околу првата годинка, за да веќе во втората година почнат да користат фрази од по два збора на двата јазика..
  • Секако дека во овој период дозволено е, а и често се среќава мешање во граматиката.
  • Некои дечиња во почетокот имаат „Тивок Период“,односно период кога детето не го користи вториот месец и кој период може да траае и неколку месеци.
  • НАЈДОБРИОТ начин за учење на јазикот, е мојот омилен начин, а тоа е :
  • ЧИТАЊЕТО НА КНИГИ од најмала возраст 

Читајте им и читајте на вашите најмили, книги и на двата јазика. Не заборавајте дека секое дете е посебно и различно, па кај некои е потребно помалку а кај некои повеќе време за учење на нов јазик.

  • СЛУШАЈТЕ МУЗИКА. Пејте му на вашето детенце, од една страна учење од друга- забава ☺
  • TB . и јутјуб. Достапни ни се многу детски видеа, на сите јазици, Одличен начин за учење нови зборови, форми, бои, животни,овошја… 

Никако не заборавајте да разговарате со вашето дете,дури и ако Вие не го познавате добро другиот јазик, зборувајте му на Вашиот домминантен(оној што се зборува по дома) јазик, бидете му добар модел на детето, научете го да стекне нови вештини со кои ќе си помогне себеси во учењето на другиот јазик.