Среќичка ©

КАКО ДА ГО ПОДГОТВИТЕ ДЕТЕТО ЗА ПРВИОТ ЛОГОПЕДСКИ ПРЕГЛЕД?

Да се биде родител на дете кое има потреба од логопедска помош и не е така едноставно. Во прво време е стресно како за родителот, така и за детето.
Логопедот е обучен да работи со клиенти кои имаат листа на предизвици и неправилности во развојот и низ животниот тек.
Вие како родител често пати го споредувате Вашето дете со останатите во Вашето опкружување, заборавајќи го фактот дека Вашето дете е единствено и се развива со свое единствено развојно темпо.
Говорно – јазичните вештини варираат од дете до дете, па со оглед на тоа, многу е важно родителите да се консултираат со професионалец, доколку се засегнати од развојниот прогрес на детето.
КАКО ДА ЗНАЕТЕ ДАЛИ ВАШЕТО ДЕТЕ ИМА ПОТРЕБА ОД ЛОГОПЕДСКА ПРОЦЕНКА?
Многу е заначајно да се следат развојните пресвртници кај детето низ различни периоди, бидејќи тие се оние кои го водат родителот и подоцна логопедот кон разбирање на говорно – јазичниот процес на детето. Доколку детето покажува потенцијални знаци на одложување во било кој сегмент на пресвртниците, потребно е да биде упатено на логопед.

ШТО ДА ОЧЕКУВАТЕ ОД ЛОГОПЕДОТ НА ПРВИОТ ЛОГОПЕДСКИ ПРЕГЛЕД?
• Потребно е родителот да се подготви со целосна документација од претходни медицински испитувања, доколку ја поседува.
• Родителот треба да го претстави своето доживувањње за детето.
• Логопедот се среќава со детето за негова евалуација.

ШТО ОПФАЌА ЕВАЛУАТИВНИОТ ПРИСТАП?

Рецептивна комуникација
Разбирање на говорот и јазикот .

Игровна интеракција

Учество во играта со познати и непознати предмети и личности .

Прагматични вештини
Како личноста комуницира функционално и социјално .

Глас
Карактеристики ка гласот, како интонација, квалитет и гласност .

Експресивна комуникација
Употреба на говорен јазик, искажување на мисли, намери, желби и потреби .

Флуентност
Ритам, брзина и повторување на гласовите во говорот

ШТО ДА ПОНЕСЕТЕ НА ЛОГОПЕД И ДА ЈА НАМАЛИТЕ ТЕНЗИЈАТА КАЈ ДЕТЕТО ?

• Листа на зборови кои детето најчесто ги употребува .
• Листа на сценарија во кои најчесто детето се обидува да комуницира .
• Предмет или играчка со која детето ќе се чувствува комфорно .
• Аудио или видео запис со карактеристична содржина кој ќе го покажете на логопедот .
• Специфични прашања за логопедот .